Правилната исхрана кај децата е важна за развојот на нивниот апетит

Објавено на: Nov 08, 2016 од Мама Ане

Освен наведените препораки, една од важните задачи што треба родителите да ја знаат и практикуваат е да се обезбеди ритам, режим на земањето на оброците кај децата, кој ќе се почитува секој ден. Децата од 2 до 4 години имаат поголеми енергетски и нутритивни потреби во однос на нивната возраст, но сепак тие сè уште имаат мал стомак, кој не треба да се преоптоварува со поголема количина храна во еден оброк. Децата треба да земаат 4-5 оброци во текот на денот и тоа три главни оброка и 1-3 ужини, во зависност од возраста, активноста и апетитот на детето. Редовната исхрана е важна за доброто варење на храната. Помала количина храна поделена во неколку оброци има подобар ефект во  развивање на апетитот кај детето и во формирањето на здравите навики за исхрана. Не се препорачува да се врши притисок врз детето да јаде постојано, во текот на целиот ден.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…