Правилно одредете ја големината на корпата на вашиот градник

За да го одберете градникот кој најмноу ќе ви одговара морате да ја одредите и големината на корпата на градникот.
За да ја одредите големината на корпата прво измерете го обемот на градниот кош под линијата на градите. На добиената вредност додадете плус два.

На пример, ако сте измериле 83 сантиметри тогаш големината е 85. Потоа измерете го обемот на градите преку брадавиците. Одземете ја помалата од поголемата мерка и ќе ја добиете големината на корпата на градникот која што вам ви одговара.

Пример: Ако обемот на градите мерен преку брадавиците изнесува 90, а обемот на градниот кош под градите изнесува 75 разликата е 15 сантимери. Значи треба да купите градник со Б корпа.

– Ако разликата во обем изнесува 10 см – големината на корпата е А
– Ако разликата во обем изнесува 15 см – големината на корпата е Б
– Ако разликата во обем изнесува 17,5 см – големината на корпата е Ц
– Ако разликата во обем изнесува 20 см – големината на корпата е Д
– Ако разликата во обем изнесува 22,5 см – големината на корпата е Е

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk