Правилно проценете кога детето е подготвено да ја помине ноќта без пелена

Дури и кога детето е научено преку ден да не користи нокшир, ноќното одвикнување од користењето пелени понекогаш изгледа како да е посебен процес.
Често се случува свесноста на детето преку ден да работи скоро беспрекорно и да не прави тоалетни грешки, но преку ноќ тоа не се случува. Затоа многу често родителите продолжуваат навечер да им ставаат пелени на децата, додека преку ден тоа не е случај.

Организмот на детето сеуште не е доволно развиен за да во текот на ноќта ги обработи сигналите за потребата од тоалет.

На почетотко не му нудете поголема количина на течности пред спиење и навикнете се на задолжително одење на нокшир пред да си легнете како дел од рутината.

Кога неколку ноќи по ред пелените остануваат суви, детето е подготвено за ноќното одвикнување.

Статистиките велат дека од дневното до ноќното одвикнување поминува период од неколку дена до неколку недели.

И покрај тоа што мора да останете доследни, најважно е да не вршите притисок врз детето.

Самиот детски организам го трасира патот на развојот и успехот во процесот од одвикнувањето на пелените.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk