Пред да го оставите детето само, поставете му неколку прашања

За оставање на детето само дома, не е важна само возраста туку какво е детето по темперамент. Ако е плашливо, нормално дека не треба да се остава само. Но, ако од помало покажува знаци на самостојност и зрелост, нема зошто повремено да не биде само.

Кога ќе процените дека детето е доволно големо за да остане само дома, важно е да ја испитате ситуацијата.

Прашајте го детето неколку прашања за да се уверите дека може навистина да остане само.

Како ќе реагира ако некој заѕвони на врата?

Што би направило ако забележи поплава или пожар?

Дали на непознати лица би им открил дека е сам дома?

На кого смее да му отвори врата?

Кога треба веднаш да ве повика?

Што да прави додека родителите не се вратат?

Важно е да го почитува договорот, но исто така да го испочитувате договорот кога треба да се вратите. Не го оставајте на цедило во вакви ситуации бидејќи може да се преплаши.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk