Пренаталната изложеност на алкохол го зголемува ризикот за развој на оштетувања на видот кај децата

Според истражувањето спроведено во рамките на истражувачкиот центар при детската болница во Бостон, децата чии што мајки интензивно консумирале алкохол во текот на бременоста, веќе од шест месечна возраст можат да се соочат со зголемен ризик за појава на одредени оштетувања на видот.

Истражувачите велат дека оштетувањата всушност се нанесуваат на мрежницата на окото односно на деловите на мозокот поврзани со пренесување на информации добиени преку ова сетило.

Исто така, во резултатите од истражувањето се наведува дека пренаталната изложеност на алкохол може да доведе до потешкотии во физичкиот и менталниот развој на детето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk