Препознајте ја дехидрираностоста кај бебињата

Дехидрираноста кај бебињата се појавува поради голема загуба на течност која може да биде предизвикана од дијареа, интензивно повраќање, топлотен удар или сл.
Дехидрираното бебе е вознемирено, заморно, нерасположено, плачливо, кожата е сува и ретко мокри.

Во случај на блага дехидратација нудете му на бебето течност во помали количини но во поблизок временски интервал. Доколку дехидратацијата е значителна растворете електролити во водата и исто така нудете му ја во мала количина но често.

Ако бебето сеуште цица, тогаш се препорачуваат почести доења. При тоа мајката треба да внимава и самата да внесува доволна количина на течности.

Алармантен е случајот на дехидратација кога бебето се однесува драстично поинаку од вообичаено, односно пројавува чудни реакции на дразбите од околината. Ако изгуби повеќе од 5% од телесната тежина можно е да биде препорачана и хоспитализација.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk