Причини за машкиот стерилитет

Објавено на: Jul 22, 2016 од Мама Ане

Постојат многу фактори кои влијаат врз тоа мажите да имаат намален број на активни сперматозоиди, односно намалена способност на сперматозоидите да оплодат една јајце клетка.

Во групата на најчести причинители на машкиот стерилиет спаѓа намалената концентрација на сперматозоиди. Тоа подразбира присуство на помалку од десет милиони сперматозоиди во еден милилитар семена течност.

На второ место се наоѓа неправилниот облик односно намалената подвижност на сперматозоидите. Во овој случај тие тешко доаѓаат до јајце клетката, односно тешко пенетрираат во самата јајце клетка.

Кога зборуваме за понезастапените причини за машкиот стерилитет се мисли на присуство на варикозни вени кои го спречуваат нормалното ладење на тестисите, неспуштени тестиси, недостаток на тестостерон ( машки хипогонадизам ), генетски дефекти и инфекции ( најчесто кламидија и гонореа ). Од групата на вирусни инфекции заушките се тие кои можат да предизвикаат стерилитет кај мажите.

За жал, во голем број случаи не може да се открие причинителот на малиот број на активни сперматозоиди.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…