Кои се причините за зачестеното мокрење во бременоста

Зачестеното мокрење во текот на бременоста се случува токму поради зголемувањето на работата на бубрезите и проширувањето на матката во која расте плодот.

Со самото ширење матката ги притиска останатите органи во абдоменалната празнина, меѓу кои и мочниот меур.

Се смета дека најзачестена потреба за уринирање во текот на бременоста имаат оние трудници кои плодот го носат ниско.

За секоја трудница е најважно да не ја задржува урината подолго време, бидејќи на тој начин се создава плодна почва за развој на бактерии.

Начинот на кој што во целост можете да го испразните мочниот меур при уринирањето е да се навалите кон напред.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk