Пробиотиците го намалуваат ризикот од алергии

Објавено на: Apr 14, 2015 од Мама Силвана

Бебињата чиишто мајки користеле пробиотици за време на бременоста и кои порано добивале суплементи на т.н добри бактерии имаат помал ризик од алергии во однос на другите деца, се вели во една студија.

„Нашите истражувања покажуваат дека пробиотиците дејствуваат против алергиите, но мораме да испитуваме уште за да можеме да ги препорачаме на јавноста,“ изјави лекарот Ерик Форно, педијатар во питсбуршката Детска болница.

Имено, бактериите кои нормално живеат во дигестивниот систем, поврзани се со имуниот систем. Па така доволно земање на пробиотици, сосема логично помага во одржувањето на имуниот систем.

Имајќи предвид дека алергијата и астмата се активираат како одговор на пречувствителниот имунитет, затоа се истражува ефектот на пробиотиците врз оваа состојба .


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…