Продолжен менструален циклус кај младите девојки

Објавено на: Sep 16, 2016 од Мама Ане

 Кога менстуалниот циклус трае повеќе од 32 дена се смета дека станува збор за продолжен менструален циклус. Понекогаш, должината на менструалниот циклус може да потрае и повеќе од четриесетина дена. 

Обично, продолжениот менструален циклус се јавува почесто кај млади девојки и е од времен, односно минлив карактер. Тој се смета за пореметување во воспоставувањето на нормалната функција на јајниците.

Најчесто, при постоење на продолжен менструален циклус, доколку сите параметри се во границите на нормалата, не е потребна никаква терапија. Самите циклуси со текот на времето спонтано се регулираат.

Лекарите во овој случај препорачуваат квалитетна и разновидна исхрана, добар сон и доволно одмор.

Доколку продолжените менструални циклуси продолжат да се случуваат подолго време, потребна е посета на гинеколог за да се направи проверка на состојбата и доколку е потребно да се воспостави хормонска трапија со која најбезболно се регулира менструалниот циклус.

.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…