Производи кои содржат калциум

Најголем дел од калциумот во исхраната се добива од млечните производи, останатите се сардини, лосос, алги, зелен зеленчук, сушено овошје, јаткасти плодови. За негова апсорбција и искористување во нашето тело потребни се уште некои нутриенти, како магнезиум, фосфор и витамини Д и К.

На лицата кои боледуваат од остеопороза се препрачува дополнителен внес на калциум од суплемент во поголеми дози до 1.200 милиграми, со додаток на витамин Д.

Адекватен внес на калциум е најважно во детство и период на адолесценција, а истражувањата покажуваат дека тој внес е недоволен.

Иако зголемениот внес на калциум преку суплементи кај жените во постменопаузата имаат мало влијание на успорување на намалување на густината на коскената маса и намалување на ризик од кршење на коски треба да се биде истраен кога станува збор за адекватен внес бидејќи и мала корист може да биде важна.

Стручњаците се согласни околу тоа дека голема количина на калциум треба да се внесе во организмот како храна бидејќи е достапен во комбинација со други материи кои придонесуваат за негово искористување во телото.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk