Промените на градите започнуваат да се случуваат уште во текот на бременоста

Американското здружение на пластични хирурзи докажува дека промените што се случуваат со градите кај жените се поинтензивни во текот на самата бременост отколку во периодот на доењето.

Имено, според резултатите на ова истражување, градите го менуваат својот облик и цврстина, но тоа најчесто се случува во предпородилниот период.

Самите промени се случуваат во моментот кога жената ќе забремени. Млечните жлезди во текот на целата бременост претрпуваат промени. Без разлика дали жената ќе дои или не нејзините гради произведуваат млеко.

Според лекарите, главни фактори кои влијаат врз можните промени на градите во поглед на обемот и цврстината се  индексот на телесна маса, вкупниот број на претходни бремености, големината на градите пред бременоста и пушењето.

Статистиката вели дека кај скоро секоја жена се зголемува величината на градите во текот на бременоста, за најмалку еден до два броја. Исто така се бележат промени во големината и бојата на ареолата и брадавиците воопшто.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk