Прошетки и на многу студено време

Често слушаме дека ниските температури не се најдобри за прошетки, но сепак тоа не значи дека треба да се затворите дома.

Шетањето на ладно си има свои предности. Ви пренесуваме 8, заради кои почесто треба да излегувате од дома во зима:
1. Ќе имате повеќе енергија
Ако одите на кратка прошетка навечер или наутро, кога се приберете на топло, ќе почувствувате многу поголема енергија од претходно.

2. Подобро ќе спиете
На луѓето кои патат од несоница им се препорачува спиење на температура помеѓу 16 и 20 степени, како и ноќни прошетки.

3. Ќе согорите калории
Студенилото го поттикнува дополнителното согорување на калории во масното ткиво, при обидот телото да остане доволно загреано.
4. Мозокот ќе ви работи подобро
Докажано е дека на високи температури луѓето потешко носат сложени и големи одлуки. Студените денови позитивно влијаат на менталното здравје.

5. Шансите за воспаленија и инфекции се помали
Телото ќе ви биде многу поотпорно на секакви воспаленија, бактерии и инфекции доколку секојдневно барем по неколку минути го изложувате на студен воздух.

6. Нема инсекти
Безгрижните прошетки без муви и комарци се најдоброто нешто што може да си го дозволите само во зимските месеци.

7. Општо, ќе се чувствувате подобро
Со оглед на тоа што не мора да облекувате кратки фустанчиња и шорцеви, па притоа да се грижите како изгледате, ниските температури се идеални за прошетки во омилените дебели тренерки, хеланки и чизми.

8. Повеќе го цените секој зрак сонце
Затоа, не пропуштајте ниту еден зрак сонце поминат дома, на затворено.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk