Проширете ги тесните кожни чевли со помош на овој едноставен трик

Дали ви се случило едноставно да не можете да им одолеете на кожните чевли и да ги купите, иако ви се малку тесни во надеж дека ќе ги “разгазите”? Не очајувајте! Решението е многу едноставно. 

За почеток она што треба да го  употребете е фенот за коса.

Загрејте ги добро држејќи го фенот одалечен од чевлите околу 20 сантиметри и кога ќе почувствувате дека кожата омекнала наполнете ги со чорапи.

Оставете ги чорапите во чевлите се додека кожата не се олади сосема. Доколку имате потреба, постапката повторете ја повторно.

Резултатите се загарантирани.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk