Проверка на слухот кај малите деца

Веќе на првиот развоен преглед на вашето малечко, односно во периодот околу шестата недела од животот на детето педијатарот ќе има за цел, покрај останатите сегменти од прегледот да утврди во каква состојба е слухот на детето.

Првото прашање во таа насока најчесто е потврдата дека детето веќе покажува интензивна реакција на гласовите на луѓето од неговото опркужување.

Доколку се појави одреден сомнеж во функционирање на слушниот апарат во периодот околу осмиот месец од животот детето најчесто се изведува специјално тестирање на слухот. Во тој период веќе се очекува реакцијата на звуците да биде јасна и концизна со вртење на главата кон изворот на звукот. Доколку е се во ред се очекува детето да реагира соодветно и на тонови кои имаат различна висина и интензитет.

Постоењето на одреден проблем со слухот предизвикува нарушување и во развојот на говорот, а родителите често приметуваат дека со тек на растот детето станува се потивко.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk