Пушењето е фактор за опуштање на градите кај жените

Пушењето е еден од важните фактори кои влијаат врз прераното губење на еластичноста на кожата.

Според доктор Ринкер, естетски хирург, пушењето влијае штетно и на градите кај жените, придонесувајќи тие да изгледаат опуштено дури и во раниот период од животот.

Имено, пушењето го разградува сврзно-ткивниот протеин кој се наоѓа во еластичните влакна на кожата, кој пак е одговорен за затегнатоста на кожата која ги држи градите во соодветната позиција.

Кон оваа несакана појава дополнително негативно влијае и носењето на градник кој не одговара на големината и обемот на градите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk