Рајнаудов феномен кај доилките

Објавено на: Oct 18, 2016 од Мама Ане

Вазоспазам е состојба која е предизвикана од стеснување на крвните садови во брадавицата што предизвикува побелување на ткивото на брадавицата. 

Најчеста причина за појава на оваа несакана состојба е постојаната компресија на брадавицата, без разлика дали е од самиот притисок што го создава бебето во текот на доењето со цел да го прекине брзиот проток на млеко или притисокот на брадавицата од неправилното измолзување.

Уште еден причинител на вазоспазмот на брадавиците е  рајнаудовиот феномен. Со овој назив се именува пореметувањето на крвните садови во градите за чиј тригер се сметаат долгорочната изложеност на емоционален стрес, студенило, пречестото конзумирање на кофеин, никотин и алкохол и др. Истото пореметување на крвните садови понекогаш може да се забележи и на прстите на нозете кои исто како и брадавиците ја менуваат бојата, стануваат бели, сини или црвени.

Истовремено со промената на бојата на брадавиците се појавува и чувство на трнење и пецкање.

Кај некои од мајките кај кои е дијагностициран рајнаудовиот феномен се случува дури и пред породувањето да се појават некои од гореспоменатите симптоми, пропратени со чести и интензивни главоболки.

На овие доилки им се советува доење во полуседечка положба, честа употреба на топли облоги на дојките, избегнување на ладна околина како и избегнување на кофеин, никотин и алкохол.

Во видеото подолу погледнете како изгледа дојка со вазоспазам.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…