Рецепт: Растурена лазања

За вистинските љубители на италијанските специјалитети-уште една интересна варијанта на безвременскиот традиционален италијански оброк.

Потребни состојки:

  • 250гр фусили
  • 1 кромид, исецкан на коцки
  • 3 чешниња лук
  • 250 гр шампињони печурки
  • 100 гр домати, на коцки
  • 1 кг млад спанаќ
  • 200 гр младо кравјо сирење
  • сол
  • бибер

     

    Начин на подготовка:

Во сад со загреано масло додадете го лукот и кромидот, и пржете околу 3 минути. Посолете, набиберете и додадете ги исецканите печурки. Гответе додека печурките не ги испуштат течностите, 4 до 6 минути. Додадете ги доматите и спанаќот, италијанскиот микс од зачини и гответе сè додека спанаќот не е готов. Измешајте ја смесата со сварените фусили, поделете рамномерно во 4 сада и наросете од младото сирење врз секој од нив.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk