Развојот на говорот кај детето е поврзан со развојот на моториката

Активните деца кои повеќе одат, трчаат, скокаат и воопшто се повеќе физички активни имаат поразвиена груба моторика. Научниците сметаат дека токму развиената моторика има голема улога во развојот на говорот кај детето.

Освен што  развојот на моториката и развојот на говорот кај децата се тесно поврзани, тоа значи и дека активните деца секојдневно се збогатуваат со нови спознавања за светот што ги опкужува и потребни им се зборови кои што ќе го изразат нивното искуство.

Детето кое напредува во фината моторика го истражува светот околу себе често користејќи го сетилото за допир. Така тоа учи дека нештата можат да бидат тешки, лесни, рапави и мазни, меки или тврди и сл.

Колку што е поголема интеракцијата на детето со светот што го опкружува толку е и поголемо неговото животно искуство а со тоа и речникот со кој што детето ќе ги изразува своите искуства стекнати низ играта.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk