Рецепт: Брза бајадера

За подготовката на овој десерт не ви е потребно печење. Бајадерата е готова за 20 минути.
Потребни состојки:

10 лажици вода

200 грама шеќер

150 грама мелени ореви

300 грама мелени бисквити

150 грама маргарин

100 грама чоколадо за готвење

1 лажиче рум – или екстракт од рум

Начин на подготовка

За прелив

100 грама чоколадо за готвење

1 лажиче масло

Начин на подготовка:

Во подлабок сад додадете ја водата и шеќерот и загрејте на умерена температура. дури шеќерот не се растопи. Додадете го маргаринот, тргнете од оган и мешајте дури не се растопи.
Кога маргаринот ќе се растопи, додадете ги оревите и бисквитите и мешајте дури не добиете густа и компактна маса.

Добиената смеса поделете ја на 2 дела.
Чоколадото растопете го на пареа и размешајте го со едниот дел, а во другиот ставете малку рум.

Во плиток сад ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од смесата (тој со чоколадо) и со раце обликувајте квадрат. Врз него, на истиот начин, ставете го и другиот дел од смесата. Остатокот од чоколадо растопете го на пареа, додадете малку масло и прелијте ја бајадерата. Бајадерата ставете ја во фрижидер да се излади, а следниот ден исечете ја на на коцки со големина по желба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk