Рецепт: Брзи крофни

Ова е најбрзата подготовка на овој вкусен десерт.
Потребни состојки:
– 3 јајца
– една чаша јогурт
– 15 лажици брашно
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 1 кесичка прашок за пециво
– 5 лажици шеќер
– растопено чоколадо или шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:
Со миксер ги матиме јајцата и шеќерот. Потоа го додаваме и јогуртот и продолжуваме со матење. Во хомогената смеса ги додаваме и брашното, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
Со лажичка земаме од тестото и го спуштаме во загреано масло. Ги пржиме крофничките додека не заруменат од двете страни.
Крофните ги посипуваме со шеќер во прав или ги преливаме со растопено чоколадо.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk