Рецепт: Чоколадна торта со кисело млеко

Пробајте го овој несекојдневен рецепт за чоколадна торта.Ќе бидете изненадени од убавиот вкус.

Потребни состојки:
– едно канче кисело млеко
– четири шолји брашно
– три шолји шеќер
– две шолји зејтин
– едно пециво
– 4 супени лажици какао
– 150 грама дробени ореви
– 150 грама чоколадо за готвење

Начин на подготовка:
Сите состојки освен чоколадото се мешаат во подлабок сад со лажица. Смесата се истура во подмачкана тава и се пече подолго време на 180 степени. Проверете дали е печена средината на тортата со помош на чепкалка. Откако ќе се испече, се премачкува со претходно подготвена чоколадна глазура од 3 лажици млеко, 2 лажици зејтин, 1 лажица шеќер и 150 грама чоколадо за готвење.Декорирајте со рендано чоколадо.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk