Рецепт: Пикантно посно макало

Луто и посно. Одлично во комбинација со сирење.

Потребни состојки:

200 г грав

20 суви црвени (везенки) пиперки, мешани благи и лути, по избор

250 мл доматно пиер (салца)

50 мл масло за јадење

4-5 чешниња лук

сол

Начин на подготовка:

Во посебни тенџериња сварете го гравот и црвените пиперки. Во аван се толчи лукчето со малку сол, па се додаваат пиперките исчистени од семки, па се толчат.

Потоа се додава сварениот грав, па сето заедно се толчи до изедначување.

​На крај се додава доматното пире и убаво се меша и се зачинува по вкус.

​Маслото се загрева на страна па се попарува макалото.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk