Рецепт: Пилешка салата со суви кајсии

Објавено на: Sep 25, 2016 од Мама Ане

Интересен микс на вкусови што веруваме дека ќе ви се допадне. 

 

Потребни состојки:

 

  • 1/3 шолја мајонез
  • 1/2 шолја павлака
  • 1 чешне лук, исечкано
  • 1/2 лажица црвен пипер
  • 5 лажици бел оцет
  • 3 шолји сечкани пилешки гради (претходно сварени)
  • 1/4 шолја сечкани бадеми (претходно запечени)
  • 1/2 сечкан мал кромид
  • 1 голема дршка целер, сечкана
  • 1/3 шолја суви кајсии, сечкани
  • 1/3 шолја свеж босилек, сечкан
  • сол и бибер по вкус

 

Начин на подготовка:

 

Во голем сад измешајте ги мајонезот, павлаката, лукот, црвениот пипер и оцетот. Потоа додадете ги сите останати состојки и мешајте. Зачинете со сол и бибер по вкус.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…