Рецепт: Полнети јајца

Одличен додадок на вашите јадења и незаменлив дел од ордеверите.
Потребни состојки:
6 јајца
200 грама рендана шунка
100 грама рендан кашкавал
1 лажичка сол
1 лажичка сенф
2-3 лажички мајонез
маслиново масло

Начин на подготовка:
Тврдо варените јајца се сечат на пола и жолчката се трга на страна. Во тавче се става маслиновото масло се ставаат ситно исецканата шунка која многу малку се пропржува.Откако ќе се олади се меша со испасираните жолчки, солта, сенфот и мајонезот. Јајцата се полнат со смесата и одозгора се наросува ренданиот кашкавал.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk