Рецепт: Солени мафини со сончоглед

Идеални во случај на непланирани гости како и за вкусен и здрав појадок.

 

Потребни состојки:
4 јајца
150 грама издробено сирење
200 мл. јогурт
150 мл. масло за јадење
1 кесичка прашок за печиво
20 лажици брашно
сол
лупен сончоглед

Начин на подготовка:

Јајцата убаво се матат со миксер додека да станат пенести и им се додаваат јогуртот и маслото.
Брашното убаво се меша со прашокот за пециво во сад на страна и полека, лажица по лажица се додава во матените јајца, но смесата овој пат се меша со лажица.
Во смесата се додаваат солта и сирењето. Смесата уште еднаш убаво се меша и се става во калапи за мафини, претходно убаво намачкани со путер.
Мафините се наросуваат со по неколку семки сончоглед и се печат половина час на температура од 180°Ц.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk