Рецепт: Солени топчиња од леблебија

Интересен вкус на еден несекојдневен вид на ќофтиња.
Потребни состојки:

 

250 грама леблебија
1 голема главица кромид
1 компир ( варен )
1 чешне лук
магдонос
половина лажиче сода бикарбона
сол
бибер
Начин на подготовка:

Пред да се почне со подготовката на ќофтињата леблебијата се кисне во вода најмалку девет часа.
Потоа се меле а кромидот и лукот се блендираат.
Варениот компир се ренда на ситно.
Сето убаво се замесува со рака и се зачинува.
Кога смесата е готова, од неа се формираат мали ќофтиња кои се пржат во загреано масло за јадење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk