Рецепт: Тирамису со малини

Освежителен кремаст десерт.

 

Состојки:

  • 3 големи кутии пишкоти
  • 500 гр маскарпоне
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 лажица густин
  • 2 ванили
  • 300 гр замрзнати малини
  • 1 кесичка желатин во прав
  • 2 кесички инстант капучино
  • 50 гр чоколадо во прав

Приготвување:

1. Желатинот во прав се прелива со 4 лажици ладна вода и се остава да набубри.
2. Во помал сад се ставаат замрзнатите малини, се додаваат 2 дл вода, 60 гр шеќер во прав и се вари додека не се добие компактна смеса. Потоа се додава густинот и кратко се проварува за да се добие саканата густина. На крајот се трга од шпоретот, се додава половина од желатинот и се меша.
3. Белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег.
4. Посебно се матат жолчките, преостанатиот шеќер во прав и ванилите. Се додава маскарпоне и се мати со миксер. На крајот се додава желатинот, снегот од белки и полека се меша.
5. Инстант капучиното се приготвува според упатството.
6. Калапот за торта се обложува со проѕирна фолија, а потоа пишкотите се топат во капучиното и со нив се прекрива дното од калапот.
7. Се премачкува со една третина од кремот со маскарпоне и се прекрива со втор ред натопени пишкоти. Потоа се нанесува втора третина од кремот од маскарпоне и се премачкува со млак крем од малини. Се става во ладилник 30 минути да се стегне, а потоа се прекрива со уште еден ред натопени пишкоти и се премачкува со преостанатиот крем  од маскарпоне.
8. Се посипува со чоколадо во прав и се враќа во фрижидерот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk