Рецепт за среќен живот со 5-3-2 техниката

Објавено на: Jul 17, 2015 од Мама Ане

Станете пријател со среќата. Доколку си помислувате дека вашата среќа долго време ви го има свртено грбот редно време е да поработите на тоа прашање. Научниците од клиниката Маyo ви претставуваат рецепт за среќен живот, популарно наречен 5-3-2 техника.
Доколку сакате да се спријателите со среќата пред се поставете си го прашањето-Што ве прави среќни доколку не ги земете во предвид финансиите, здравјето и успехот?
Што всушност значи 5-3-2 техниката?
5-се однесува на првите пет луѓе кои се дел од вашиот живот и на кои сте им највеќе благодарни. Сетете се на нив секој ден кога ќе се разбудите, или кога и да почувствувате дека запаѓате во негативно расположение.
3-се однесува на првите три минути кога ќе се сретнете со луѓето од вашето семејство. Тогаш однесувајте се како да сте се сретнале со одамна загубен пријател од вашето минато. Не ги осудувајте и не се обидувајте да ги промените членовите на вашето семејство.Оваа вежба можете да ја практикувате и со роднините,соседите и пријателите.
2-се однесува на првите две секунди кога ќе сретнете некоја личност која што ви е позната.Во тие две секунди обидете се да испратите што е можно повеќе позитивни вибрации кои ќе и навестат на личноста дека и го посакувате секое добро.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…