Рефлекс на фаќање кај бебињата

Поради присутност на рефлексот на фаќање, некои бебиња се раѓаат со цврсто стиснати дланки.
Стиснатите дланки можат да се забележат и кај многу бебиња особено во првиот месец од животот дури и додека спијат.

Ако со прстот ја допреме дланката на бебето, нејзините прсти и палецот веднаш ќе се затворат околу нашиот прст.

Истиот рефлекс пости и на ножните прсти.

Овој рефлекс на фаќање полека попушта во вториот месец од животот на детето. Сепак тоа не значи во буквална смисла дека детето ја губи способноста да ги фаќа нештата со рачињата туку дека стиснатите дланки се отпуштаат.Како што расте, родителите можат да приметат дека бебето не ги држи толку често неговите дланки стиснати.

Иако е исклучително пријатно чувството, родителите треба да го избегнуваат ставањето на прстот во дланката на бебето особено во првите три месеци и кај бебиња кои што многу често ги држат дланките стиснати во форма на тупаница. Избегнувањето на оваа постапка е важна за да не се постигне ефект на потенцирање на овој рефлекс кој природно треба да се изгуби.

Всушност препорачливо е нежното масирање на дланките за да се стимулира отворањето на дланките кое се случува спонтано.

За отпуштањето и отворањето на дланките кај бебињата добредојдено е и поминувањето со меки ткаенини или плишани играчки преку бебешките дланки и подлактици како и поставувањето на отворената дланка на бебето на вашето лице и движење во правец нагоре-надолу како да ве гали.
Во посек, во третиот месец дланките на бебињата се веќе отворени, бебето си игра со своите прсти и ги разгледува, ги става во устата и ги допира своите дланки.

Ако и во овој период дланките на бебето се сеуште многу често стиснати во форма на тупаница посоветувајте се со лекар.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk