Родилни повреди кај новороденчињата

Иако најчесто породувањата поминуваат без повреди кај новороденчињата, сепак во исклучителни случаи може да се случат.
Повредите кај новороденчето кои настануваат за време на самиот чин на раѓањето се случуваат додека бебето поминува низ родилниот канал.

Честа причина за тоа се неколку состојби:

– незрелост на бебето ( кога бебето се раѓа пред навршени 37 гестациски недели )
– крупно бебе ( чија родилна тежина надминува четири килограми )
– несразмерност помеѓу главата на бебето и карлицата на мајката
– продолжено и отежнато породување ( кога бебето престојува подолго време во родилниот канал )
– употреба на инструменти кои се неопходни за извлекување на бебето како вакуум екстрофер или форцепс
– лоша положба на бебето во стомакот ( најчесто карлична поставеност )
Во групата на родилни повреди спаѓаат повредите на фацијалниот нерв задолжен за мимика на лицето, оток на мекото ткиво на главата, модринки во пределот на очите и сл.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk