Родители подгответе се да слушате, детето е важен соговорник

Многу важен сегмент од успешното родителство е изнаоѓањето на успешен начин за комуникација со вашето дете.

Ако детето не се чувствува загрозено од исходот од разговорот вие ќе помогнете тоа да почувствува поголема слобода да разговара со вас на секоја тема.

Развивањето на навиката за разговор по завршувањето на училишниот ден има двојна придобивка, родителите ќе бидат во тек со настаните, односно ќе бидат свесни за случувањата во училиштето а детето ќе добие прилика да си ја олесни “пренатрупаната” психа.

Кога спроти себе го имате вашето дете како соговорник бидете подготвени да го дадете својот максимум во улогата на слушател. Прашањата кои ќе одлучите да ги поставите внимавајте да бидат јасни и недвосмислени, а на детето да му овозможат да понуди кратки и прецизни одговори.

 

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk