Родители, создајте чувство на доверба кај тинејџерите

Колку и да е убав тој период од животот, има моменти кога е навистина тешко да се биде тинејџер, а и родител на адолесцент.

Во овој период односот помеѓу родителите и нивните дотогаш мирни и добри деца често може да стане напнат.

Но, тоа се ситуации во кои секако родителот ќе добие уште една шанса да покаже дека е зрел и мудар, и секогаш да изброи до десет пред да донесе одлука или да реагира на непримерното однесување на тинејџерот.

Психолозите велат, сомнежите што се појавуваат кај многу родители не треба да се решат глумејќи „дежурен полицаец„ Сосема е во ред да не инсистирате вашето дете да гледа телевизија со вас во момнет кога поттикнато од неговото променливо расположение сака да се изолира во својата соба.

Поставете се како пријатели, кои имаат можност да разговараат на исто ниво, уважете го мислењето на тинејџерот, раскажете им ги вашите искуства и откријте им дека и вие сте правеле грешки кога сте биле на нивна возраст.

Ако вие го направите првиот чекор со отворен пристап тогаш и адолесцентот ќе ви возврати со иста мера, бидејќи кога веќе еднаш ќе стекне доверба во вас ќе сфати дека не мора повеќе да крие тајни, а вие ќе се ослободите од желбата постојано да бидете „дежурниот полицаец“

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk