Самодовербата е поважна од надворешниот изглед

Според истражувањата околу 75% од жените веруваат дека сексипилноста на една жена повеќе е поврзана и предизвикана од контролата што жената ја има воспоставено врз својот живот, отколку од надворешниот изглед.
За жените на модерното општество чувството на задоволство од животот и опкружувањето е дотолку поважно од совршениот надворешен изглед.

На тие жени не им е потребно машко мислење за да се чувствуваат сексипилни.

Напротив, според истражувањето најатрактивни се чувствуваат кога ќе излезат со пријателките, 30% од испитаничките се чувствуваат атрактивно кога се во друштво на маж а 18% кога се во друштво на други жени.

Според резултатите од истражувањето, во просек, секоја жена во своето опкружување има четири пријатели кои мислат дека таа зрачи со сексипил.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk