Санкањето е одлична снежна забава но сепак внимавајте на безбедноста

На прв поглед нема ништо комплицирано во санкањето, но за да уживате безбедно во оваа снежна забава потребно е да се придржувате кон одредени совети за безбедност.
Имено, пред да се спуштите по определената стаза, добро запознајте се со теренот. Внимавајте по патот кон долу да не налетате на некоја испакнатина или дупка прекриена со снег.

Нозете и рацете цело време додека се санкате треба да бидат близу до вас, не доаѓа во предвид стоење или возење со кренати раце.

Никогаш не се спуштајте со санка кон удолница со грбот свртени кон напред. Колку и да сте искусни секогаш бидете свртени со лицето кон напред за да можете да ги забележите сите опасности навремено.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk