Сантиметрите сепак се клучни за доживување на оргазам

Кога се мисли на сантиметри, овој пат не се мисли на должината на машкиот полов огран.

Докажано е дека на поголемиот број жени ширум светот им е потребна дополнителна стимулација за да доживеат оргазам за време на сексот.

Можноста за доживување на оргазам е тесно поврзана со анатомијата на вагината-велат истражувачите од Универзитетот во Индијана.

Според нив, од пресудно значење е одалеченоста на клиторисот од самиот отвор на вагината, обележје што една жена го добива уште додека се развива како плод во утробата на својата мајка.
Кај жените кај кои таа одалеченост е помала од три сантиметри, клиторисот прима доволно надразнувања во текот на традиционалниот сексуален чин што го прави доживувањето оргазам лесно за постигнување.

Од друга страна, доколку таа одалеченост е поголема, тогаш надразнувањата се помали, а со тоа и се намалува шансата за доживување оргазам без дополнителна стимулација.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk