Се е подготвено за доаѓањето на Виктор, интервју со Бона Пауновска-Тасевски

Објавено на: May 04, 2015 од Мама Кате

Убавата водителка на Алфа ТВ, Бона Пауновска-Тасевски, која од неодамна живее во Америка со својот сопруг, наскоро очекува принова. Бременоста и мајчинството беа убав повод за да направиме интервју со нејзе.

Mama365:Како се чувствуваш кога во себе носиш уште еден живот?

БП:Чувството кога имате уште еден живот во себе, уште едно срце кое чука во внатрешноста на сопствената утроба само по себе е неверојатно! Мајчинството е благослов во животот на секоја жена, благослов кој носи среќа и чувство на исполнетост. Не постои чувство кое може да го замени носењето на свет на нов живот.

11225900_10153814547228275_66447113_nMama365:Како ја поминуваш бременоста?

БП: Доста активно. Во принцип сум активна особа па останав иста и во бременоста, нормално со намален интензитет. За среќа немам некои потешкотии и можам да кажам дека имам прилично лесна бременост. Се движам постојано, посетувам часови по јога а пливањето е една од моите секојдневни активности и многу ми помага да се чувствувам фит и за време на бременоста. Се трудам да јадам здрава и балансирана исхрана, колку што е тоа можно во бременоста :))) Нормално, јадам се што ми се јаде но се трудам да не внесувам многу шеќери, избегнувам брза храна. Кога имам потреба за благо, си правам здрави десерти кои се на база на овес, урми, какао, црвено овошје и јаткасти плодови. Уживам во секој момент и се подготвуам за новата а воедно и најубавата улога во животот на една жена.

Mama365:Го знаете ли полот на бебето?

БП: Го знаеме полот. Носам момче кое што ќе се вика Виктор. Сакавме името кое што ќе го носи нашиот син да биде македонско а во исто време и интернационално, така што Виктор ги задоволи двата услови и што е најажно веднаш ни се ‘залепи’ за уво.

11185456_10153811465148275_2135362429_nMama365: Како се замислуваш како мајка?

БП: Мислам дека ќе бидам исклучително посветена и одговорна мајка. Мајчинскиот инстинкт ми е развиен одамна,грижејќи се за двете внуки од мојата сестра, тоа некако си дојде природно. Уште од самиот почеток на бременоста се изненадувам од самата себе како правам некои работи не размислувајќи за моите желби и потреби туку за она што е најдобро за малото срце што чука во мене. Виктор не ни се случи неочекувано, туку планирано во моментот кога и јас и Филип се почуствувавме подготвени да станеме родители. Свесни за одговорностите и обврските кои доаѓаат со таа улога, си знаевме точно што не очекува. Благословена сум што до мене имам човек кој е полн со разбирање за секоја фаза од мојата бременост. На моменти мислам дека мојот сопруг е поспремен од мене ме изненадува со неговата заинтересираност и информираност, постојано чита, знае кои се најдобрите производители на бебешки производи, од цуцли до колички,така што тој е комплетно подготвен за новата улога во својот живот. И јас се чувствувам подготвена, покрај моите две внуки, доста научив и искусив за негата околу бебиња. Читам многу, слушам совети од најблиските и знам дека мајчинскиот инстинкт ќе ми каже што точно да правам во одредени моменти а и покрај сопруг како Филип едноставно нема место за паника.


Mama365:Почнавте ли со подготовките?Купивте ли нешто за бебето?

БП: Собата на Виктор е скоро готова, сите покрупни неопходни работи се веќе купени и сместени, полека привршуваме со подготовките и со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на нашиот син.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…