Се повеќе девици се одлучуваат за ин витро оплодување

Истражувањето спроведено во 2013 година од страна на британски научници покажало дека барем една од 200 трудници забременила без ниту еднаш да оствари сексуален контакт со некој маж. Од девиците кои што забремениле, дури 31% се зарекле на доживотен целибат пред се од религиозни а потоа и лично- психолошки причини.
Поради овие причини, ширум светот се повеќе се зголемува бројката на девици кои се одлучуваат на ин витро оплодување. На пример, во Англија, минатата година 25 хетеросексуални девици на воздраст до 27 години се одлучиле на вештачко оплодување.

Според психолозите, дел од нив се одлучуваат на ваков чекор поради психосексуални потешкотии. Меѓутоа сепак поголемиот број од девиците кои забремениле со помош на ин витро велат дека и понатаму го чекаат својот “господин вистински”.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk