Шеќерот се крие дури и во лековите и витаминските таблети

Објавено на: Jun 30, 2016 од Мама Ане
hitportal-gazirani-pijaloci-1

Постојат многу трикови кои ќе ви помогнат да ги спречите проблемите со забите и да го сочувате нивното здравје.

Но, многумина од нас не се запознаени со фактот дека и во најсекојдневните работи се крие потенцијална опаснот за забите.

Една од тие опасности е скриениот шеќер. Јаболкото е секогаш подобра опција од пирето од јаболки, морковот од карамелата или водата од сокот. Скриениот шеќер го внесуваме секојдневно бидејќи тој е дел не само од храната туку и од лековите, витамините и сл.

Добро е да се мијат забите по секое земање на сируп бидејќи се случува концентрацијата на шеќер во сирупите ( особено оние што се наменети против кашлица ) може да биде навистина висока.
Исто така, многу витамински препарати во себе содржат висок процент на шеќер. Затоа наместо да ги грицкате проголтајте ги цели ( доколку е тоа возможно ) во зависност од суплиментот.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…