Секојдневни навики кои ќе ви овозможат добар сон

Ако страдате од несоници обидете се да си помогнете менувајќи ги секојдневните животни навики и рутини.

За почеток, тоа нека биде секојдневно легнување во приближно исто време како и будење во одреден термин.

Оваа постапка дозволете да стане рутина која за почетокот ќе биде добро да ја практикувате и во текот на деновите од викендот.

Избегнувајте да користите мобилен и компјутер непосредно пред да заминете на спиење.

Исто така избегнувајте ги попладневните дремки, а наместо тоа одлучете се за лесна физичка активност.

Спалната соба нека биде доволно затемнета, воздухот проветрен а постелнината и перницата удобни и направени од природни материјали.

Избегнувајте и напитоци кои содржат високи количини на кофеин, особено во попладневните и вечерните часови.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk