Семејното осигурување нуди безбедност за тие кои најмногу ги сакаме, интервју со извршниот директор на ГЛС осигурување

Објавено на: Jun 01, 2015 од Мама Кате

Нема ништо поважно од безбедноста и среќата на нашето семејство. Кога некој од нив е повреден, повредени сме и ние, дури, честопати, нивната болка не боли повеќе отколку тоа да е на нашето тело. Семејното осигурување се повеќе зема замав.

Mama365:За не доволно информираните, што значи семејното осигурување?

Наумовска:Семејното осигурување претставува една од класите на осигурување кои ги нуди ГЛС Осигурување како ексклузивен застапник на Триглав АД Скопје.Тоа е полиса наменета за секое семејство кое брои од 2 – 6 члена. Станува збор за значително мал износ на пари за годишно покритие односно осигурување кое важи една година.Секој член на семејството поединечно подлежи на 24 часовно осигурување.
– Бидејки семејството и домот се наша животна инвестиција нудиме и уште еден тип на осигурување наменето за семејство, тоа е Домаќинско осигурување на сите домови. Домаќинско осигурување и семејносто се инвестиција која Ви дава сигурност и заштита на вашиот дом.

Мама365: Финансиските средства не можат да бидат замена за нечие здравје или живот, но се неопходни за згрижување и нега во најтешките ситуации за кои и не сакаме да размислуваме. Во кои случаи, односно за кои несакани последици се врши надомест?

Наумовска:Семејно осигурување покрива ризици од болест, инвалидитет и незгода. Доколку сте запознаени со колективно осигурување кое е наменето за компании, семејното осигурување дава можност за сличен тип на осигурување, во овој случај наменет за секое семејство.

Мама365: Зошти би требало да ја одберат токму вашата компанија?

Наумовска:Триглав осигурување односно Глс осигурување е компанија е полна со надеж, доверба и посветеност.
ГЛС е компанија за застапување во осигурување која го продолжува патот на Триглав АД осигурување-компанија која нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар.
Мисијата на ГЛС Осигурување е да развие висококвалитетна услуга и доверба во осигурителните продукти, сигурност и развој на бизнисот во осигурување ,преку нашиот професионален тим сакаме да го поттикнеме интересот и всушност самата потреба од осигурување во РМ.Наш фокус се клиентите, затоа осигурителните производи на Триглав се едноставни, брзи и квалитетни.
Како дополнителна услуга го користиме нашиот партнер Глобко Логистик Скопје, компанија која е на водечка позција со својата дејност за вршење на поштенски услуги.
Преку Глобко Логистик нудиме можност за достава ,да сите наши полиси стигнат директно до домот на осигуреникот-на рака.
Постоиме за да ги задоволиме сите ваши приватни и бизнис потреби од секој сегмент на неживотното осигурување.

Моника Наумовска, извршен дирекор на ГЛС осигурување

gls


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…