Сензорни потешкотии кај децата

Кога способноста на централниот нервен систем да ги прими и интегрира добиените информации од надворешниот свет преку сетилата е нарушен во одредена мера велиме дека станува збор за постоење на проблем со сензорната интеграција.

Детето кое има проблем со сензорната интеграција пројавува одредени потешкотии кога се обидува да го организира начинот на постоење, однесување и односот со надворешниот свет.

Во некои случаи се забележува постоење на ниска сензорна интеграција што може да доведе до проблеми во играњето, учењето и однесувањето на детето.Детето кое знае да ја организира неговата игра подобро ќе се организира во рамките на школските активности и подоцнежно како возрасна личност.

Во периодот кога децата треба да го учат мозокот на се она што го допираат по пат на дразба, на допир, скокање, лулање, вртење, тоа го испуштиле или поради други низа фактори не биле во можност да го совладаат.

Сега овие деца имаат или зголемена сензорна преосетливост на овие дразби или не им се обработуваат добро тие дразби во нервниот систем или имаат одбивност. Некои не саакаат да допрат мазна површина, или рапава површина, или мокро, или пак некои постојано скокаат, рипаат, некои постојано се вртат со круг,

Со цел да им се помогне на оние деца кои што имаат проблем со сензорната интеграција се препорачува еден вид на терапија која подразбира нивно присуство во тн. сензорна соба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk