Слабеењето зависи од утринските навики

Внимавате на сѐ, а никако да ги симнете вишокот килограми. Ако се препознаете во овие утрински навики, време е да промените нешто.

Многу спиете

Ако премалку спиете, хормонот на стрес кортизол што се произведува кога сте ненаспани, ви го зголемува апетитот. Но, и премногу спиење не е на добро, барем не за вашата линија. Резултатите од едно најново истражување покажаа дека спиењето повеќе од 10 часа може да го зголеми индексот на телесна маса, особено спиењето до доцна наутро (секако, ако можете да си го дозволите тој „луксуз“).

Се спремате во мрак

Кренете ги ролетните или отворете ги завесите кога ќе станете од спиење. Утринската светлина ќе го разбуди вашиот метаболизам и целото тело. Како очекувате денот да ви биде исполнет со енергија, ако се спремате во полутемница и не го подготвувате телото за активностите што следат? 20 до 30 минути дневна светлина е доволно за да влијае на индексот на телесна маса.

Не го местите креветот

Можеби ви звучи чудно, но дозволете да ви објасниме за што се работи. Едно истражување во САД покажа дека луѓето кои го местат креветот наутро не само што се раздвижуваат и со тоа го поттикнуваат метаболизмот, туку и подобро спијат навечер, што како рековме е важно за одржување на линијата.

Јадете премалку наутро

Не е тајна дека здравиот и балансиран појадок е важен за да имате енергија во текот на денот. Ако изедете квалитетен утрински оброк, ќе го потрошите во текот на денот и нема да бидете прегладнети до ручек. Балансираната исхрана е важна ако сакате да се решите од тие вишок килограми.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk