Рецепт: Слатки топчиња од кафе и бадеми

Декорацијата е ваш избор, а вкусот е единствен.
Потребни состојки:

300 гр бадеми

300 гр шеќер

100 мл вода

една шолја сварено кафе

едно чоколадо за готвење
две лажици шеќер

Начин на подготовка:

Од шеќерот и водата сварете сируп и во него додајте ги исецканите бадеми.
Од смесата со влажни дланки формирајте мали топчиња. Во меѓувреме, во свареното кафе растопете ги двете лажици шеќер и чоколадото за готвење. Во оваа смеса потопувајте го секое топче. Декорирајте по желба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk