Смеат ли мажите да ејакулираат додека сте бремена?

Објавено на: Mar 03, 2015 од Мама Весна

Едно од најчесто поставуваните прашања ое ги измачува мажите повеќе отколку жените за време на бременоста е: “Дали смеам да ејакулирам во мојата жена, сега кога е бремена?“, е најчестото прашање кое ги мачи мажите.

Не паничите, ние ќе ви одговориме дека нема причина да бидете загрижени бидејќи ејакулацијата во бремената жена е секако дозволена, со исклучок на оние случаеви кога бременоста е ризична, па тогаш вашиот лекар може да ви забрани да имате сексуални односи во текот на целата бременост.

Кај оние трудници кои имаат нормален тек на бременоста, може да биде ризично само третото тромесечје. Повеќето стручњаци препорачуваат во овој период да се избегнуваат сексуалните односи, бидејќи одредени материи од спермата може да допринесат за предвремено созревање на грлото на матката, како и предвремено породување.

Исто така, ејакулацијата во бременоста во третото тромесечје, може да доведе до зголемен ризик од инфекции, па затоа во овој период се препорачува користење на кондоми при сексуалните односи.

Што се однесува до жените, многу од нив поинтензивно водат љубов токму кога се бремени, поради зголеменото ниво на хормоните. Исто така, фактот дека нема потреба да се грижат за контрацепција, може само дополнително да ги возбуди и двата партнери. И на двајцата партнери, либидото им е зголемено и поизразено во второто тромесечје, и во овој период и мажот и жената можат многу повеќе да се опуштат и уживаат.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…