Смирете го детето со една прашална реченица

Кога детето од некоја причина ќе биде бесно поставете му го следното прашање „Дали проблемот е мал, голем или среден“?

Кога детето ќе одговори на тоа прашање, на родителите им се сугерира да му предложат заедно да смислат решение за новонастанатата ситуација. Детските психолози се обидуваат да објаснат зошто ова едноставно праашње ги смирува децата во секунда.

Според нив со прашањето на децата им се дава до знаење дека се прифаќаат и уважуваат нивните чувства.

Исто така оваа прашална реченица децата ги тера на размислување и соочување со ситуацијата во која се нашле. Исто така се испраќа и индиректен повик на заедничко решавање на проблемот.

Па така, со поставување на едно прашање и мирен разговор од неколку минути, ќе заштедите доста време и ќе се поштедите од нервози, а ќе стекнете доверба кај детето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk