Со едноставна масажа против замор и напнатост

Објавено на: Sep 24, 2016 од Мама Ане

Напнати сте и чувствувате дека почнува да ве боли главата. Очите ви паѓаат од замор, а сеуште морате да ги држите отворени.

Ако се наоѓате во оваа ситуација обидетете се да си помогнете со масажа.

Ставете го палецот на челото во пределот помеѓу веѓите само малку погоре. Почнете со благ притисок, на почетокот во форма на кружни движења, а потоа горе долу по средината на челото. Сето тоа направете го во две серии по четриесетина секунди.

На тој начин ефективно ќе ја подобрите концентрацијата, ќе ја намалите напнатоста, ќе ги релаксирате заморните очи и ќе го отпуштите телото.

 

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…