Со љубов, поттикнете ги децата да учат

Пред почетокот на учебната година, речиси нема родител кој нема грижа дали неговото дете ќе учи и доколку не, како да постапи. Никој не треба да ги присилува децата да учат, туку треба да се пронајде начин да се мотивираат односно да се заинтересираат за учење.

Се поттикнуваат со љубов. Всадете го чувството на одговорност што порано. Објаснете му дека во животот постојат работи кои едноставно мораат да ги направат, им се допаѓало тоа или не.

Од самиот почеток детето треба да се поттикнува на самостојност и одговорност, како и стекнување на работни навики за да се завршат училишните обврски уредно и на време. На почеток потребно е  да се насочува и контролира, да му се прегледува домашната задача,  да се испрашува градивото, да му се помага околу нејаснотиите.

Немојте да ги пишувате домашните задачи наместо него. Така му правите повеќе штета од корист. Не давајте му готови решенија. Кога на детето не му е јасно, родителите губат трпение и го избираат полесниот пат, па на детето му даваат решение. Но со тоа му оневозможуваат да се осамостои. Подобро е да му пружите поддршка, да го упатите како да ја реши задачата или проблемот, но самостојно.Детето на тој начин  ќе има поголемо чувство за успех и самодоверба. Треба да го пуштите да ја плати цената на својата неработливост, нема друг начин на порасне. Ако треба и нека повторува. Една изгубена година е неважна и ненадоместлива, а возрасно неодговорно лице е непоправлива тажна појава.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk