Со масажа против затвор и хемороиди во бременоста

Спората работа на цревата е многу честа појава во бременоста. Тоа се случува поради притисокот што зголемената матка го прави врз останатите органи, а со тоа и врз цревата.
Како резултат на овој притисок, затворот и подуеноста се честа непријатна појава која никако не смее да се игнорира поради фактот што ризикот за појава на уште понепријатните хемороиди е значително поголем во овој случај.

Освен што се препорачува често конзумирање на свежо овошје и зеленчук, храна богата со растителни влакна, суви сливи, грозје, смокви и поголема количина на вода во текот на денот, добредојдени се и секојдневните масажи на стомакот.

Во 50 милилитри маслиново или кокосово масло капнете дваесетина капки масло од мандарина или портокал и со тоа масло нежно масирајте го стомакот секогаш во насока на стрелките на часовникот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk