Со овошјето можете да ја победите несоницата

Кога е несоницата во прашање, многу досегашни истражувања докажале извесна поврзаност помеѓу редовното консумирање на одредени видови на овошки и квалитетниот сон.

Имено, во едно истражување објавено во 2012 година во Америка, а во кое учествувале околу 24 испитаници докажано е дека јадењето на киви непосредно пред легнување може да го подобри квалитетот на сонот.

Испитаниците во текот на четири недели, еден час пред да си легнат јаделе по две киви со средна величина. Научниците со помош на магнетни мерења докажале значително подобрување на квалитетот на сонот по само неколку дена практикување на оваа здрава навика.

Освен кивите, ако имате проблем со несоницата често уживајте во вишните бидејќи тие изобилуваат со голема количина на мелатонин кој е важна алка во регулација на природниот циклус на сонот.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk